Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјте членки на НАТО.
Состанокот на двајцата лидери се одржа во изложбениот и саемскиот центар ЛИТЕКСПО во Вилнус, главниот град на Литванија.
Во турската делегација беа и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Ибрахим Калин, директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и главниот советник на претседателот Акиф Чагатај Килич.
Турскиот претседател престојува во Вилнус за да присуствува на Самитот на лидерите на НАТО кој се одржува денес и утре.
На самитот се состануваат 31 лидер на земјите членки на НАТО, а теми на разговорите се војната во Украина, членството на Шведска во НАТО и чекорите за јакнење на одбраната и одлучноста на сојузот.