Zyrtarisht më 14 maj mbahen zgjedhjet në Türkiye / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Туркије ќе бидат одржани на 14 мај оваа година. Во турскиот град Бурса претседателот Ердоган вчера учествуваше во програмата која ја организираа младинските организации.

Турскиот претседател изрази посебно задоволство поради средбата со младите луѓе за кои рече дека се надеж на оваа држава и турската нација.

„Додека ја гледаме визијата на нашата младост, со надеж гледаме и во нашата иднина“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека е многу важно Туркије да продолжи со успесите и напредокот.

„Ова исто така не потсетува дека мораме повеќе да работиме и да се бориме за изградба на „Векот на Туркије“ која ќе ви ја оставиме вам како наследство. Благодарен сум му на Бога што ќе чекориме рамо до рамо со вас, нашата ценета младина која првпат гласа, на изборите кои ќе бидат одржани на 14 мај“, рече Ердоган и додаде:

„Нашите очекувања од вас, нашите млади, кои првпат ќе гласате на претседателските избори, се на најдобар и најисправен начин да го согледате светот и нашата држава со можностите кои ви стојат на располагање.“

Претседателските и парламентарните избори во Туркије беа претходно закажани за 18 јуни, но се поместени за 14 мај.

TRT Balkan / агенции
Популарни