Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци, изјави Ердоган говорејќи за поплавите во Босна и Херцеговина / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата изјави дека Израел, кој продолжува да ги бомбардира Газа и Либан, е „ционистичка терористичка организација“.

„Историјата никогаш нема да им прости на оние кои му аплаудираат на чудовиштето одговорно за крвта на десетици илјади палестински деца, жени и цивили“, рече Ердоган, обраќајќи се на состанокот на владејачката Партија на правдата и развојот (АК) во Анкара.

Турскиот претседател го предупреди Израел дека неговата „заблуда за ветената земја“ на крајот ќе доведе до големо разочарување.

Тој, исто така, повика на зголемен регионален дијалог.

„Со оглед на атмосферата во нашиот регион, ние веруваме дека треба повеќе да разговараме. Ни треба помирување“, рече турскиот претседател.

Ердоган зборуваше и за поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина.

Висока делегација на Република Турција предводена од министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу го посети Бутуровиќ Поље, кај Коњиќ, во Босна и Херцеговина, која пред неколку дена беше погодена од катастрофални поплави.

Турскиот претседател потсети дека Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), Црвената полумесечина и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА) презеле акција и дека се што е потребно за зараснување на раните било направено и ќе биде направено.

„Господ да ги помилува загинатите во поплавите во Босна и Херцеговина, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа Бошњаци. На најдобар можен начин ќе го заштитам аманетот, што пред смртта, држејќи ме за рака во болничката соба ми го даде покојниот Алија Изетбеговиќ“, рече Ердоган.

AA
Популарни