Ердоган испрати видео порака до Самитот на меѓународна стратешка комуникација (Стратком) во Истанбул

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот го обвини Израел дека „врши воени злосторства“ во Газа со тоа што им го спречува пристапот на луѓето во опколената енклава до струја, вода и храна.

„Израел, кој врши воено злосторство со исклучување на струјата, водата и храната, се обидува да спречи да се слушне угнетувањето на луѓето во Газа со прекинување на нивната комуникација со надвор“, рече Ердоган во видео пораката испратена до Самитот на меѓународна стратешка комуникација (Стратком) во Истанбул.

„Цивилите кои Израел намерно ги цели не се ограничени само на деца и жени. Израел, исто така, убива новинари кои се обидуваат да му ја откријат на светот хуманитарната трагедија во Газа и покрај сите тешкотии“, рече турскиот лидер, додавајќи дека повеќе од 60 новинари се убиени досега во израелски напади.


AA
Популарни