Нападите на Израел врз Газа како се воено злосторство, злосторство против човештвото. На оние кои вршат такви злосторства мора да им се суди според меѓународното право, рече претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган во својот говор на самитот на Обединетите нации за климатски прашања во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.
Според Ердоган на никаков начин не може да се оправдаат израелските напади во кои загинаа над 16.000 Палестинци, повеќето жени и деца.
„Туркије секогаш се залагаше за мир во сите кризи и работеше за праведни, правични решенија“, додаде тој.
Израел денеска ги продолжи своите воени операции во појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза. Цел на нападите беа различни области на северот, центарот и јужниот дел на појасот, што резултираше со десетици загинати и повредени.
Најмалку 32 Палестинци загинаа, а многу други се повредени додека Израел продолжи со нападите врз областите во Појасот Газа неколку часа по завршувањето на паузата, соопштија властите.
Паузата меѓу Израел и Хамас, која стапи на сила на 24 ноември, заврши во денеска наутро.
Изданието на климатскиот самит на ОН во 2023 година, попознато како КОП 28, привлекува над 180 шефови на држави и влади од целиот свет. Забележителен е значителниот број барања за присуство, кој надминува 500.000.
Самитот ќе трае до 12 декември.