Ердоган изрази солидарност со народот на Либија / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово изрази солидарност со Либија по големите поплави во кои животот го изгубија повеќе од 2.000 луѓе.

„Туркије стои покрај либискиот народ“, порача Ердоган преку социјалната мрежа Х.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување.

Ердоган истакна дека Туркије праќа три авиони во Бенгази заедно со 168 лица за пребарување и спасување, како и хуманитарна помош.

Бурата „Даниел“ во неделата зафати повеќе области во Источна Либија, особено градовите Бенгази, Ал Бајда и Ал-Марџ, како и Соуса и Дерна.

Бројот на загинати во поплавите во Дерна се искачи на над 2.000, а илјадници луѓе се водат како исчезнати.

Премиерот на либиската Влада на национално единство со седиште во Триполи, Абдулхамид Дбеибе, ги прогласи сите области што ги зафати бурата и поплавите за „зони на катастрофа“.

Либиските власти прогласија вонредна состојба, вклучително и прекин на наставата во сите државни и приватни образовни институции и затворање на продавниците и побараа меѓународна поддршка.

TRT Balkan / агенции
Популарни