Ердоган: Кипарските Турци никогаш не беа малцинство / Photo: AA

Кипарските Турци никогаш не биле и никогаш нема да бидат малцинство, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека Туркије ќе продолжи да ги штити правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

„Кипарските Турци никогаш не биле малцинство и никогаш нема да бидат. Оние кои ги игнорираат овие факти продолжуваат со своите соништа да станат единствени владетели на островот. Ја советувам оваа група да ги остави настрана своите опсесии и да се соочи со реалноста на островот“, рече Ердоган, за време на заедничката прес-конференција со претседателот на ТРСК, Ерсин Татар, во текот на неговата прва посета на земјата по неговиот повторен избор за претседател на 28 мај. „Ако ќе дојде до враќање на преговарачка маса за Кипар, тоа ќе биде преку признавање на Турската Република Северен Кипар“, рече Ердоган.

„Ќе продолжиме одлучно да ги браниме правата и интересите на Туркије и Турската Република Северен Кипар“, истакна тој. Патоказот на Туркије е јасен, рече Ердоган, додавајќи дека Анкара сака Егејското море да бие „морето на мирот“.

Од своја страна, Татар рече дека е „многу значајно“ што Ердоган ја прави својата прва посета на Турската Република Северен Кипар.

„Испраќате порака до сите земји во светот дека секогаш се грижите за ТРСК. Зад нас го имаме светскиот гигант Република Туркије, ги имаме зборовите на претседателот на Република Туркије“, додаде Татар.

Кипарско прашање

Кипар е заглавен во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци, и покрај низата дипломатски напори на ОН за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради нивна безбедност.

Во 1974 година, државен удар на кипарските Грци, чија цел беше грчката анексија на островот, доведе до воена интервенција на Туркије како земја гарант за заштита на кипарските Турци. Како резултат на тоа, Турската Република Северен Кипар основана во 1983 година.

Во последниве години, тој беше сведок на периодичен мировен процес, вклучително и неуспешната иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци се приклучи на ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.

TRT Balkan / агенции
Популарни