Ердоган: Коридорот Зангезур ќе ги зајакне односите Анкара-Баку / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека воспоставувањето на клучната копнена рута на коридорот Зангезур во јужен Кавказ ќе помогне да се изградат посилни врски меѓу Туркије и Азербејџан.

„Доколку брзо го решиме проблемот со Зангезур, тоа ќе нѐ доведе до напредок во две важни придобивки преземени и од патниот и од железничкиот сообраќај“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев при посетата на Баку, главниот град на Азербејџан.

Тој додаде дека со коридорот врските на Туркије со (азербејџанската ексклава) Нахчиван ќе станат многу посилни. Постоењето на овие врски ќе доведе до зајакнување на односите меѓу Туркије и Азербејџан.

Планираниот коридор Зангезур - непречен пат низ ерменската територија што го поврзува Азербејџан со неговата ексклава Нахчиван - исто така ќе го поврзе Азербејџан директно со источна Туркије и така ќе му даде дополнително единство на поголемиот туркиски свет.

Ердоган е во Баку по посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како дел од неговата прва странска турнеја од неговото повторно избирање за претседател на 28 мај.

Регионот Зангезур првично беше дел од Азербејџан, иако Советите ѝ го дадоа на Ерменија во 1920-тите, оставајќи го Азербејџан лишен од директната копнена рута до Нахчиван.

По својата 44-дневна војна со Ерменија во есента 2020 година, Азербејџан се фокусираше на планираните врски, вклучувајќи автопати и железничка пруга од 43 километри низ коридорот.

Ердоган, исто така, најави дека се започнати работите за формирање на турско-азербејџански универзитет.

Алиев рече дека соработката меѓу Туркије и Азербејџан е од витално значење за регионот.

Алиев рече дека Туркије и Азербејџан од сега ќе имаат заеднички став во надворешната политика. Алиев му се заблагодари на Ердоган и на братска Туркије на моралната и политичка поддршка која на Азербејџан му ја искажале во Втората војна во Карабах.

„Туркије и Азербејџан од сега ќе имаат заеднички став во надворешната политика. Нашите заеднички надворешно-политички активности исто така се од голема важност за регионот. Фактор на турско-азербејџанското единство е многу важен за развојот, стабилноса и безбедноста на регионот“, порача Алиев.

Блиските врски меѓу Туркије и Азербејџан често се сумираат во мотото: „Еден народ, две држави“.

TRT Balkan / агенции
Популарни