Ердоган и неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан во понеделникот телефонски разговараа за последните случувања во Сирија и Палестина / Photo: AA

Неопходно е да се спречи Израел и ДАЕШ да ја искористат нестабилноста во регионот да го поткопаат новиот процес во Сирија, изјави во понеделник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Туркије и неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан во понеделникот телефонски разговараа за последните случувања во Сирија и Палестина, билатералните односи, како и за глобалните и регионалните прашања.

Ердоган ја истакна важноста од формирање сириска држава во која различни етнички и религиозни групи живеат рамо до рамо во мир и каде што се постигнува национално единство, соопшти турската Дирекција за комуникации.

Турскиот претседател изјави дека Туркије не може да ја прифати терористичката организација ПКК/ЈПГ, која дејствува во Сирија, како соговорник или претставник на курдскиот народ во регионот.

„Претседателот Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи со напорите да стави крај на тековниот масакр во Палестина што е можно поскоро“, се додава во соопштението.

TRT Balkan / агенции
Популарни