Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека во услови на збиен распоред, следниот месец, доколку добие шанса, би можел да разговара лице в лице со својот руски колега Владимир Путин за Договорот за жито преку Црно Море.
„Во септември има состанок на Г-20 во Индија и Генерално собрание на ОН во САД. Ако најдеме можност во овој збиен распоред, ќе се сретнеме и ќе разговараме со (Владимир) Путин лице в лице“, им рече Ердоган на новинарите во претседателскиот авион при враќање од посета на Унгарија.
Ердоган беше во еднодневна посета на унгарскиот главен град Будимпешта за националниот ден на Унгарија, како и на Светското првенство во атлетика.
Тој одвоено се состана со својата унгарска колешка Каталин Новак и премиерот Виктор Орбан на разговори за билатералните врски, како и за регионалните и глобалните случувања.
„Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан може наскоро да ја посети Русија за да разговара лице в лице“, рече Ердоган, додавајќи дека тоа може да даде подобри резултати.
За можните руско-украински мировни преговори, Ердоган рече дека се надева дека ќе има резултати доколку и Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски се договорат Туркије да посредува.
Минатиот месец Русија го суспендираше своето учество во Договорот, кој го потпиша минатото лето заедно со Туркије, ОН и Украина, за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море, кои беа затворени по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година. Москва постојано се пожали дека рускиот дел од Договорот не се спроведува.
Анкара прави интензивни дипломатски за продолжување на Договорот.
Туркије, меѓународно пофалена за нејзината единствена улога на посредник меѓу Украина и Русија, постојано ги повикува Киев и Москва да ја прекинат војната, која трае повеќе од 500 дена, преку преговори.
Од друга страна, Ердоган се осврна и на прашањето околу членството на Шведска во НАТО
Едоган нагласи дека приемот на Шведска во НАТО е во дискреција на турскиот Парламент, и додаде дека Стокхолм треба да ги исполни ветувањата и да спречи напади врз Куранот.