Ердоган најави зголемување на платите во јавниот сектор / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердган, соопшти дека во јули годинава најниската плата во јавниот сектор на таа земја ќе изнесува 22.000 турски лири (1.124 долари).

„Ќе го договориме зголемувањето на минималната плата за вработените во јавниот сектор. Во јули минималната плата на државните службеници ќе достигне 22.000 турски лири (1.124 долари)“, рече Ердоган во главниот град Анкара. Ердоган додаде дека зголемувањето на платите на државните службеници исто така автоматски ќе се одрази на пензиите.

„Му наложив на нашиот ресорен министер да ја заврши оваа работа до јули“, рече Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган во вторникот најави зголемување на платите од 45 отсто за 700.000 јавни службеници, зголемувајќи ја минималната месечна плата на 15.000 лири (768 долари).

AA
Популарни