Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна важноста на отворањето на копнената рута на коридорот Зангезур на јужен Кавказ.
„Се надеваме дека ќе го реализираме коридорот Зангезур што е можно поскоро и нашата патна и железничка комуникација со пријателски и братски Азербејџан ќе ја направиме непрекидна низ Нахчиван“, рече Ердоган по состанокот на Владата во турската престолнина Анкара.
Неговата изјава следуваше ден по посетата на азербејџанскиот автономен регион Нахчиван, каде се состана со азербејџанскиот колега Илхам Алиев за да разговара за билатералните односи, регионалните и меѓународни прашања, особено за неодамнешната ситуација во Карабах.
„Се надеваме дека нашиот регион ќе го претвориме во оаза на мирот и просперитетот со заеднички проекти кои ќе го вклучат и нашиот сосед Иран“, рече Ердоган.
Ердоган претходно рече дека отворањето на коридорот е „стратешко прашање“ за Туркије и дека е многу важно за врските помеѓу Анкара и Баку. Регионот Зангезур изворно беше дел од Азербејџан, иако ова подрачје Сове
Регионот Зангезур првично бил дел од Азербејџан, иако Советите ѝ го дале подрачјето на Ерменија во 1920-тите, лишувајќи го Азербејџан од директен копнен пат до неговата ексклава Нахчиван. По 44-дневната војна со Ерменија во есента 2020 година, Азербејџан се фокусираше на инфраструктурата, вклучувајќи ги автопатиштата и железничката пруга од 43 километри преку коридорот.
Коридорот би бил во близина на границата на Ерменија со Иран, што предизвикува загриженост кај Техеран дека проектот би можел да ја тргне границата со Ереван.
Ердоган исто така рече дека јакнењето на Туркије е цел на сите во земјата.
„Растот и јакнењето на Туркије е заедничка цел на сите нас, без оглед на нашите политички ставови“, рече турскиот претседател, напоменувајќи: „Како Народна алијанса ќе ги зајакнеме напорите во новиот законодавен период на нашата земја да и обезбедиме граѓански и либерален Устав“.