Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека оние кои се обидуваат да ја вратат Туркије во старите времиња, со испраќање терористички организации во земјата, треба да знаат дека тоа сценарио нема да помине.
Ердоган денеска преку видеоконференција зборуваше на церемонијата на отворање на патната комуникација во подрачјето на турскиот град Битлис.
По тој повод рече дека отсега на агендата на градот Битлис, но и на цела Туркије, ќе бидат темите како развој на производството, зголемување на вработеноста и раст на просперитетот.
„Иако некои се обидуваат да ги вратат старите времиња со провоцирање на нашите граници, испраќајќи ни терористички организации, нека знаат дека ова сценарио повеќе нема да помине“, рече Ердоган, додавајќи:
„Решени сме нашата земја, која ја развивме преку инвестиции, вработување, производство и извоз заедно со политичките, дипломатските и безбедносните достигнувања, да ја доведеме до врвот со „Векот на Туркије“.