Туркије се надева повеќе отколку било кога во поглед на купувањето на авионите Ф-16 од Соединетите Американски Држави (САД), изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Нашите очекувања се дека ќе постигнеме позитивен исход. Се надевам повеќе од било кога“, рече Ердоган на прес-конференцијата на крајот на НАТО Самитот во главниот град на Литванија, Вилнус.
Што се однесува до борбата против тероризмот, рече дека за Туркије непопустливата борба против тероризмот е неспорна.
„Очекуваме резолуција и јасен став на нашите сојузници во врска со ова прашање“, додаде Ердоган. Говорејќи за палењето на Куранот во Шведска, турскиот лидер рече дека нападот врз светите вредности не е слобода на говор, нарекувајќи го тоа варварство, примитивност и своевиден терористички чин.
„Земјите кои се во Советот за човекови права на Обединетите нации гласаа против резолуцијата со која се осудува палењето на Куранот би требало да го преиспираат своето разбирање на слободата и човековите права“, рече Ердоган.
Велика Британија, САД и некои земји членки на ЕУ во вторникот ја отфрлија осудата на палењето на Куранот во текот на итната дебата во Советот за човекови права во ОН во Женева за се поголемиот број напади врз муслиманската света книга.
„Големото национално Собрание на Туркије ќе гласа за протоколите за пристапување на Шведска во НАТО. Нашите пратеници со внимание ќе го следат тоа прашање“, рече турскиот претседател за кандидатурата на Шведска во НАТО. Тој додаде дека Туркије секогаш ја поддржувала политиката на отворени врати на НАТО и никогаш од произволни причини не спречиле влез на ниедна држава во сојузот.
Говорејќи за договорот за црноморското жито, кој истекува на 17 јули, Ердоган рече дека сака да продолжи договорот и дека продолжува решавањето на предлозите на Русија.
„Ако Русија и Украина понудат или прифатат посредување, Туркије тоа ќе го прифати“, рече Ердоган .