Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека интервенцијата на мировните сили на Обединетите нации на изградбата на патиштата на територијата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) беше неприфатлива.
„Физичката интервенција на војниците на мировните сили на ОН на територијата која потпаѓа под суверенитетот на ТРСК за нас никогаш не е прифатлива“, рече Ердоган по состанокот на кабинетот во главниот град на Туркије, Анкара.
Изјавите на Ердоган следуваа откако мировните сили на ОН во Кипар (UNFICYP) минатата недела интервенираа во работите на изградба на патот за да селото на кипарските Турци Пиле во тампон зона се поврзе со остатокот на ТРСК.
Проширувањето на патот е стратешки важно за жителите бидејќи ќе им даде повеќе можности да стигнат до Пиле, каде заедно живеат Турците и кипарските Грци. Администрацијата на кипарските Грци и ОН се противат на тој проект.
Жителите на Пиле ќе може да патуваат на кратка оддалеченост и нема да мора да минуваат низ британските бази кога преминуваат на градежните работи на делница од 11,6 километри.
Првите 7,5 километри пат ќе поминуваат низ Јигитлер, а другите 4,1 километар ќе минуваат низ Пиле.
„Не е ниту легално, ниту хумано да се спречат кипарските Турци кои живеат во селото Пиле да стигнат до својата татковина“, рече Ердоган.
Турскиот претседател исто така нагласи дека мировните сили ја засениле својата непристрасност со физички интервенции кон жителите на Северен Кипар и со жални изјави.
„Она што се очекува од ОН е да придонесе кон решавање на хуманитарните потреби на сите страни на островот со вистинско претставување на неговото име, наместо демонстрација на дестабилизирачко однесување“, порача Ердоган.
Исто така, тој истакна дека Туркије, како земја гарант, нема да дозволи противправни дела на островот Кипар.