Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го осуди Израел за најновите напади врз кампот Рафах, во кој се сместени раселените лица во безбедна зона.
„Нападот на Рафах во неделата, кој уследи по одлуката на Меѓународниот суд на правдата, ја разоткри подмолната и крвава природа на терористичката држава“, изјави Ердоган Симпозиумот за уставниот век на Турција во Истанбул.
Турскиот претседател го осуди и израелскиот премиер, велејќи дека „Нетанјаху и неговата банда убијци се обидуваат да го продолжат својот политички живот со масакрирање на невини луѓе, бидејќи не можат да го скршат палестинскиот отпор“.
„Нетанјаху нема да може да се ослободи од проклетството за убивање невини, ниту Хитлер, Милошевиќ,Караџиќ, кои тој го имитира“, рече Ердгоан.
Ердоган, исто така, нагласи дека Туркије ќе стори „се што е во нејзина моќ за да се погрижи овие израелски варвари да бидат изведени пред лицето на правдата за злосторствата што ги направиле“.
Најмалку 35 лица загинаа, а десетици се повредени во неделата вечерта во израелски напад врз бегалски камп во кој се сместени раселените лица во безбедната зона во Рафах.
Нападот се случил во близина на логистичката база на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во Тал ал Султан, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа.
Израелските авиони гаѓаа неколку шатори во областа, соопшти прес-службата, додавајќи дека биле користени ракети и бомби.
Претходно, Цивилната заштита на Газа соопшти дека по бомбардирањето превезле 50 лица, меѓу кои загинале и повредени.
Наведената област обезбедува засолниште за најмалку 100.000 раселени лица, се наведува.