Турскиот претседател и лидер на Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Реџеп Таип Ердоган, објави специјална видео порака по повод 22-годишнината од основањето на владејачката АК Партија.
Тој посочи дека АК партијата е формирана со цел да и служи на државата и нацијата како политичко движење, родено од срцето на самиот народ.
Претседателот на Туркије додаде дека во политичкиот живот влегле со желба и ветување дека „во Туркије ништо нема да биде како порано“.
Ердоган потсети дека АК Партијата беше прва на сите избори во земјата во претходните години и изрази благодарност до секој припадник на турската нација, кој, како што рече, секогаш стоел на борбата и мисијата на АК Партијата да и служи на цела Туркије.
Ердоган, исто така, истакна дека АК Партијата во изминатите години реализирала бројни важни проекти низ Туркије кои ја зголемиле благосостојбата на граѓаните.
„Ова е најважната причина за нашиот успех на сите избори“, додаде Ердоган.
Тој потсети дека Туркије се бори со терористички организации, како што се ПКК, ФЕТО и ДЕАШ.
„Знаевме и за гнасните игри против нашата економија од кругови кои не можеа политички да не контролираат и да ги спротивстават луѓето во земјата еден против друг. Благодарение на помошта од Бога и единството и солидарноста на нашиот народ, ги поминавме сите овие тестови со чиста совест“, рече Ердоган.
Тој додаде дека се уште се изложени на разни напади и тестови.
„Се соочуваме со предизвици, но фала му на Бога, имаме многу поголеми можности пред нас. Туркие, која успешно помина толку многу тестови, никој нема да може да ја наруши со некои минливи планови, да ја одврати од нејзиниот курс и да ги запре нејзините активности“, истакна Ердоган во пораката.