Турскиот претседател Ердоган се обрати на програмата по повод „Светскиот ден на човековите права“ / Фото: AA

Турскиот претседател Ердоган се обрати на програмата по повод „Светскиот ден на човековите права“ што се одржа во Конгресниот центар на Партијата за правда и развој (АК партија) во Анкара, известува Анадолу.

Турскиот претседател Ердоган се обрати на програмата по повод „Светскиот ден на човековите права“ што се одржа во Конгресниот центар на Партијата за правда и развој (АК партија) во Анкара.

Во својот говор претседателот Ердоган посочи дека досега Конвенцијата за човечки права не го спречила ниту геноцидот во Сребреница ниту во Руанда, а под нозе била фрлена во Газа.

За односот и употребата на законите и правилата во светот, претседателот Ердоган истакна:

„Дојдовме до точка во која човековите права се доживуваат како привилегирани права што важат само за одреден регион во светот и одредена човечка популација.“

Во тој контекст Ердоган се осврна и на случувањата на 15 јули и начинот на кој Западот се однесуваше кон оние што се обидоа да извршат државен удар, велејќи: „На 15 јули 252 наши луѓе загинаа од предавниците на ФЕТО. Додека стрелките на критика беа насочени кон нашата земја, убијците што масакрираа беа заштитени од Западот.“

Зборувајќи за Туркије како земја што не прави дискриминација кон никого во своите хуманитарни и човечки односи и секогаш била таа што подава рака за помош, претседателот Ердоган рече: „Кога убијците на ДЕAШ го нападнаа Ајн ал Араб, Туркије, нашата Влада, беше таа што преку ноќ прими стотици илјади сириски Курди во својата земја. Никогаш не ги оставивме сами нашите браќа ниту при израелските злосторства во Газа ниту во сириската криза.“

Зборувајќи за хуманоста на Туркије кон сите луѓе, која отсекогаш била на прво место, без оглед за кого станува збор, од која раса или вера, турскиот претседател Ердоган истакна:

„Оние што ни дојдоа пред портите не ги прашавме дали се Турци, Арапи или Курди. Оние што побараа помош не ги прашавме дали се муслимани, христијани или Евреи.“

За кризата во Сирија и новонастанатата ситуација по падот на режимот на партијата Баас, претседателот Ердоган рече дека уште од првиот ден е јасен ставот на Туркије по ова прашање дека се јасни нивните зборови и нивните постапки, додавајќи дека неговата земја отсекогаш кон сириската криза имала пристап со фокус на совеста.

„Со крајот на крвавиот режим на Баас се отворија вратите што водат кон мир и безбедност во Сирија“, рече претседателот Ердоган.

За сите бегалци што побараа засолниште во Туркије, Ердоган го рече следново: „Оние што се засолнија во Туркије не ги прашавме дали се бели или црни. Без разлика на нивниот идентитет, ги отворивме портите на нашата земја и на нашите срца.“

За развојот на Туркије на сите полиња, како на економско, така и на полето на одбранбената индустрија, турскиот претседател истакна дека зад потезите насочени кон зајакнувањето на внатрешниот фронт на земјата стои желбата да ја држат Туркије подалеку од заканите и опасностите во регионот.

AA
Популарни