Ердоган: Обединети против нападите на Израел во Палестина / Photo: AA

Исламскиот свет треба да биде обединет против нападите на Израел во Палестина, му рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот ирански колега Раиси.

Ердоган и Ебрахим Раиси разговараа телефонски за односите меѓу Туркије и Иран и за регионалните прашања, меѓу кои и за израелските напади врз џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс), се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије.

Нагласувајќи дека треба да преовладува здравиот разум за да се спречи нова спирала на насилства, Ердоган рече дека би било корисно да се преземат иницијативи за да се насочат сите страни кон здравиот разум.

Повикувајќи го Раиси заеднички да продолжат со напорите на меѓународните платформи, особено во рамките на Организацијата за исламска соработка и Обединетите нации, за зачувување на статусот на светите места, Ердоган истакна дека е важно да се покаже единство, особено за неодамнешните постапки како што е палењето на Куранот во европските градови.

TRT Balkan / агенции
Популарни