Обединетиот туркиски свет кој ќе дејствува заедно ќе помогне да се отвори патот кон прекин на огнот и постојан мир во израелско-палестинскиот конфликт, рече турскиот претседател.
„Нема ништо што може да го оправда она на што сме сведоци од 7. октомври“, рече Реџеп Таип Ердоган, осврнувајќи се на немилосрдните напади на Израел врз Газа, во говорот што го одржа во петокот на самитот на Организацијата на туркиските држави во Астана, главниот град на Казахстан.
„Нема збор да се опише оваа бруталност. Цели 28 дена во Газа се вршат злосторства против човештвото“.
Во врска со помошта за Палестинците погодени од израелските напади, Ердоган рече дека Туркије досега испратила 10 авиони со хуманитарна помош во Газа и дека ќе испрати уште повеќе кога ќе дозволат условите.
„Нашите напори да организираме меѓународна мировна конференција се во тек“, додаде тој, мислејќи на турската иницијатива за ставање крај на конфликтот.
Десеттиот самит на Организацијата на туркиските држави (ОТС) започна во петокот во главниот град на Казахстан Астана.
Според прес-службата на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, на настанот присуствуваат и лидерите на Туркије, Азербејџан, Унгарија, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан.
„Туркије ќе продолжи да презема чекори кон мирот, просперитетот и безбедноста на целиот туркиски свет“, рече Ердоган.
Оваа недела, израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади во Газа, која е под немилосрдни воздушни напади откако палестинската група на отпорот Хамас започна прекуграничен напад на 7 октомври.
Оттогаш во конфликтот се убиени над 10.500 луѓе, вклучувајќи најмалку 9.061 Палестинец.