Анкара очекува Германија да се врати на неутралниот став во односите меѓу Туркије и Грција. Ова турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му го кажал германскиот канцелар Олаф Шолц при денешниот телефонски разговор.
Ердоган и Шолц разговарале за билатералните и регионалните односи како и за ситуацијата поврзана со војната меѓу Русија и Украина.
Ердоган во разговорот побарал повторно воспоставување на дијалогот на Анкара и ЕУ, како и преговорите за ажурирање на Царинската унија и разговорите за пристапување на Туркије кон Европската унија.
Ердоган истакнал дека придава посебна важност на блискиот дијалог кој е развиен со Шолц со цел јакнење на билатералните односи во сите области.
TRT Balkan / агенции