Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека ги поддржува брзите чекори на Црна Гора кон интеграција во Европската унија (ЕУ) и евроатлантските институции.
„Пријателството меѓу Туркије и Црна Гора трае со векови“, истакна Ердоган во обраќањето во Истанбул на заедничката прес-конференција со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој е во работна посета на Туркије.
Ердоган истакна дека бошњачката и албанската заедница и повеќе од 150 илјади граѓани од црногорско потекло во Туркије претставуваат исклучителен мост на пријателство и братство помеѓу двете земји.
Турскиот претседател Ердоган рече дека односите на Туркије и Црна Гора се на највисоко ниво, истакнувајќи и дека двете земји делат заедничка историја и култура.
Ердоган рече дека во текот на минатогодишната посета на Црна Гора поставиле цел да ја зголемат трговската размена на 250 милиони долари.
„Податоците во првите 11 месеци од оваа година покажуваат зголемување за 49 отсто во однос на истиот период претходната година. Вкупните турски инвестиции во Црна Гора надминаа 67 милиони долари. Бројот на турските компании кои инвестираат во Црна Гора моментално е 3.800. Турските компании имаат важни проекти, особено во областа на инфраструктурата, градежништвото, туризмот и секторот на услугите. Уверен сум дека нашиот прифатен сектор ќе продолжи со успешни иницијативи во Црна Гора како и на целиот Балкан“, нагласи Ердоган.
Тој напомена дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) спроведува бројни активности во областа на реставрацијата, образованието и здравството во Црна Гора, а Институтот „Јунус Емре“ делува во областа на уметноста и културата.
„ТИКА до денес реализираше повеќе од 400 проекти и активности во Црна Гора во вкупна вредност од 20 милиони евра“, наведе турскиот претседател.
Ердоган истакна дека со Ѓукановиќ освен за случувањата на Балканот разговарал и за други важни регионални и меѓународни прашања.
„Особена важност придаваме на зачувување на стабилноста во југоисточна Европа и економскиот развој на регионот. Црна Гора, како важен дел од Балканот и Европа, исто така дава значаен придонес кон мирот и стабилноста. Своите активности во тој правец успешно ги спроведува во рамките на Процесот за соработка во југоисточна Европа со кој Црна Гора претседава од јули. Ги цениме брзите чекори на Црна Гора кон интеграција со Европската унија и евроатланските институции. Искрено ја охрабруваме и поддржуваме Црна Гора, нашиот сојузник во НАТО, да стане полноправна членка на Европската унија“, истакна Ердоган.
30 дек 2022
Ердоган: Односите на Туркије и Црна Гора се на највисоко ниво
Турскиот претседател Ердоган истакна дека со црногорскиот претседател Ѓукановиќ освен за случувањата на Балканот разговарал и за други важни регионални и меѓународни прашања.
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Нетанјаху: Одлуката на МКС за мое апсење е антисемитска
Израел со гадење ги отфрла апсурдните и измамнички дејствија на МКС, соопштија од кабинетот на премиерот, додавајќи дека Нетанјаху нема да попушти под притисок во одбрана на израелските граѓани, а одлуката од Хаг ја осуди и претседателот Исак Херцог
Холандија, по одлуката на МКС, ќе го уапси Нетанјаху ако влезе во земјата
Холандија повеќе нема да воспоставува несуштински контакти со Нетанјаху, Холандија мора да се придржува до Римскиот статут на МКС, изјави холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп во својот говор во Претставничкиот дом
Што друго би сакале да знаете?
Популарни