Туркискиот свет стана обединет во соработката и покрај предизвиците во минатото, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред новинарите на крајот од неговата посета на Узбекистан на Самитот на туркиските држави.
„Организацијата на туркиските држави се покажа како успешна платформа за соработка; нејзината тежина се зголемува во регионот и во светот“, рече Ердоган по деветтиот Самит на организацијата, каде што земјите-членки потпишаа серија договори во областа на трговијата, економијата, културата и животната средина.
„Го формиравме Туркискиот инвестициски фонд со цел да ја зајакнеме нашата солидарност во областа на финансиите. Верувам дека можностите што ги дава фондот дополнително ќе ја зајакнат нашата соработка и ќе ги забрзаат нашите активности“, рече Ердоган.
Украинско-рускиот договор за жито
Ердоган, исто така, го коментираше договорот за жито во Црното Море, истакнувајќи дека
би била правилна одлуката страните да го продолжат договорот за извоз на жито низ Црното Море, што истекува на 19 ноември.
„Сметам дека би било погрешно да се постави временско ограничување. Им рековме [на Русија и Украина] колку подолго го одржуваат овој договор, толку ќе биде попрецизен“, изјави Ердоган за новинарите по неговата посета на Узбекистан, каде што присуствуваше на 9. Самит на Организацијата на туркиски држави.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари.
Страните во моментов преговараат за можно продолжување и проширување на договорот, во врска со што Ердоган рече дека Анкара е решена да го пренесува руското жито и ѓубрива во помалку развиените земји.
Ердоган нагласи дека најважната работа за Туркије е да управува со договорот за коридорот за жито и да посредува меѓу Русија и Украина за постигнување мир.
„Се разбира, целта на [рускиот претседател Владимир] Путин е да ги истакне сиромашните африкански земји, особено Мали, Сомалија и Судан. Тој ми предложи дека може да им го испратиме житото бесплатно. Штом се направи таков чекор, можеме да ја покажеме истата чувствителност“, истакна турскиот претседател.
„Не би било фер да се остави Африка настрана и да се испрати житото во Европа“, нагласи Ердоган, и додаде: „Ако обезбедиме интензивен проток на жито, ѓубриво и амонијак во сиромашните земји преку коридорот за жито, ќе им олесниме на луѓето таму.“
Купувањето на Ф-16 и Ф35
За тековните преговори со Вашингтон за продажба на воените авиони Ф-16 на Туркије, Ердоган рече дека разговорите продолжуваат според планираното.
„Се надевам дека следниот месец ќе биде полн со добри вести и ќе го развиеме прашањето за Ф-16 во многу попозитивна насока“, истакна Ердоган.
Два амандмани со кои се поставуваат услови за потенцијалната продажба на Ф-16 на Туркије, како што е наведено претходно, се отстранети од верзијата на релевантниот предлог-закон во Сенатот.
Условите вклучуваа американскиот претседател да преземе чекори за да се осигури дека воените авиони „Туркије нема да ги користи за неовластени територијални прелети над Грција“.
ФЕТО во туркиските држави
Запрашан за присуството на ФЕТО во туркискиот свет, Ердоган рече дека ги информирал водачите на туркиските земји дека терориситчката организација ФЕТО е „голема опасност и закана“ и ги повика туркиските народи да работат заедно со турското разузнавање.
Во однос на борбата против тероризмот, Ердоган повтори дека Грција и САД ги штитат терористите, вклучително и припадниците на ФЕТО.
„Кој ги штити сега? Главно Грција. Бегаат во Грција, бегаат во Европа. Тие секогаш бегаа таму. Тие живеат во Германија, Франција, Холандија, Данска, Велика Британија, Америка.“
„А Америка го крие овој човек (водачот на ФЕТО). Кој го крие? (американскиот претседател Џо) Бајден. Им дадоа огромна палата во Пенсилванија, каде што живее овој човек. Ако ме прашате каде е центарот на тероризмот, тоа е она што ви го кажувам во моментов“, рече тој.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државне удар во Туркије на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа ранети. ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на припадници на ФЕТО во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.