Ердоган рекол дека може да се формира комисија со учество на руски и украински експерти, ОН и меѓународната заедница, вклучително и Туркије       Фото: АА Архива / Photo: AA Archive

Важна е сеопфатната истрага за експлозијата на браната Каховка во Украина, што нема да остави простор за сомнеж, изјави во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин.

Ердоган рекол дека може да се формира комисија со учество на руски и украински експерти, ОН и меѓународната заедница, вклучително и Туркије, според Директоратот за комуникации на Турција.

По експлозијата на браната беше објавена вонредна состојба - едната страна ја контролира Русија, другата Украина. Русија и Украина во вторникот меѓусебно се обвинија дека ја оштетиле браната Каховка, што доведе до поплавување на соседните населби.

Москва ја обвини Украина дека се обидува да го отсече Крим од водата што ја добива од акумулацијата Каховка, формирана од браната, додека Киев тврди дека Русија се обидува да ја забави очекуваната контраофанзива.

Истакнувајќи ја важноста што целиот свет ја придава на продолжувањето на договорот за жито во Црното Море, Ердоган рече дека договорот што го воспоставија со заеднички напори игра витална улога во справувањето со глобалната криза со храна.

Ердоган, исто така, му рекол на Путин дека продолжувањето на консултациите со ОН за отстранување на пречките за извоз на руско жито и ѓубрива е корисно.

Нагласувајќи дека Туркије е решена да продолжи да ги прави неопходните напори за воспоставување мир меѓу Москва и Киев, Ердоган рече дека Анкара е подготвена искрено да ја даде сета потребна поддршка за ставање крај на конфликтите.

AA
Популарни