Фахретин Алтун е назначен од турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган за директор за комуникации при Претседателството, објавено е во „Службен весник“.
Соопштението за назначувањето на Алтун објавено е рано утрово во турскиот Службен весник.
На социјалната мрежа Твитер, Алтун му се заблагодари на претседателот Ердоган, нагласувајќи го единството и соработката.
„Би сакал да изразам благодарност до нашиот претседател, г-дин Реџеп Таип Ердоган, кој уште еднаш ми ја довери должноста директор за комуникации, за неговото одобрување“, рече Алтун.
„Во согласност со визијата на нашиот претседател, ќе работиме заедно за нашите цели за векот на Туркије и ќе ја продолжиме нашата борба за вистината. Нека Господ секогаш ги одржува нашето единство и солидарност“, додаде тој.
Алтун (47) првпат беше назначен од Ердоган за директор за комуникации на Претседателството на 25 јули 2018 година.
Ангажиран во истражување во областа на политичката комуникација, медиумската и комуникациската социологија, политичката социологија и културните студии, Алтун докторирал на полето на медиумските филозофии.