Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во официјална посета на Индонезија во рамки на четиридневната турнеја во Азија.
Ердоган пристигна во Џакарта, каде лично беше пречекан од индонезискиот претседател Прабово Субианто со кого утре ќе се сретне во претседателската палата Богор, а потоа ќе ја води првата седница на Советот за билатерална соработка на највисоко ниво.
Најавено е и потпишување на бројни договори, како и учество на индонезиско-турскиот бизнис форум.
По посетата Ердоган ќе отпатува за Пакистан.
Во делегацијата предводена од Ердоган во Индонезија се неговата сопруга Емине Ердоган, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за енергија и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качир и други официјални претставници.