Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во официјална посета на Багдад, главниот град на Ирак.
Ердоган на Меѓународниот аеродром во Багдад беше пречекан од ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани и други официјални претставници.
Во делегацијата предводена од Ердоган, меѓу другите, се министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергија и природни ресурси Алпарслан Бајрактар и шефот на Директоратот за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун.
Ердоган во рамките на еднодневната посета во Багдад ќе се состане со претседателот Абдул Латиф Рашид и премиерот Мухамед Шија ал Судани.
Ердоган и Ал Судани ќе одржат заедничка прес-конференција, а предвидено е и потпишување на голем број договори меѓу двете земји.
Во рамките на посетата на Ирак турскиот претседател ќе го посети и Ербил.