Турскиот претседател продолжува со посетата на областите погодени од земјотресот / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска продолжува со посетите на јужниот дел на земјата погоден од земјотресот.

Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа регионот.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, зафатија 10 области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа - населени со 13 милиони луѓе.

Неколку земји во регионот, од кои најкатастрофално Сирија, ги почувствуваа земјотресите што ја погодија Туркије во период од помалку од 10 часа.

Во текот на денешниот ден се очекува Ердоган да ги посети Адијаман и Малатија.

Со цел да изврши увид на местата каде што се одвиваат акциите на пребарување, спасување и пружање помош, турскиот претседател досега ги посети Кахраманмараш, Хатај, Адана, Газиантеп, Османије и Килис, каде што се сретна и со преживеани во земјотресот.

Ердоган вчера истакна дека земјотресите во јужна Туркије може да се опишат како „катастрофа на векот“, нагласувајќи дека турската држава ги мобилизира сите свои средства за да им помогне на погодените.

TRT Balkan / агенции
Популарни