Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган по вчерашниот терористички напад пред зградата на судот во Истанбул порача дека како земја, ќе ја продолжат одлучната борба против сите терористички организации и оние кои ги поддржуваат.
Во рамките на одбележувањето на првата годишнина од разорните земјотреси на југот од Туркије, Ердоган вчера во Кахраманмараш учествуваше во програмата за врачување на клучевите на новоизградените станови. Во таа прилика турскиот претседател го коментираше терористичкиот напад што се случи пред зградата на судот во Истанбул и во кој се ранети шест лица, од кои тројца се полицајци.
Честитајќи им на безбедносните сили кои со брзата реакција не им дозволиле на терористите да ја постигнат планираната цел, Ердоган рече дека полицијата ги неутрализирала двајцата терористи, маж и жена, и го спречила нивниот подол терористички план.
„Туркије ќе ја продолжи својата одлучна борба против сите терористички организации и нивните поддржувачи, без правење каква било разлика меѓу нив. Го молам Господ за брзо оздравување на нашите повредени. Посакувам божја милост за починатиот. Ги бакнувам челата на нашите херојски полицајци“, рече Ердоган.