„Ќе продолжиме со инвестициите, производството и извозот додека не ја достигнеме целта нашата земја да достигне обем на надворешна трговија од билион долари“, додаде тој.

Претседателот на Туркије, воедно и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека е многу важно Туркије да остане силна и стабилна и во наредниот период.

„Република Туркије нема друг избор освен да остане силна и дополнително да ја зголеми својата моќ за да не падне назад во јамата на политичкото и економското ропство“, рече Ердоган во обраќањето во турската престолнина Анкара на претставувањето на изборната програма на АК Партијата и кандидатите за изборите за државниот Парламент.

„Во овој критичен период кога повторно се воспоставуваат глобалните рамнотежи, многу е важно на чело на државата да имаме кадри со искуство и влијание на АК Партијата“, додаде Ердоган.

Особено го нагласи значењето на економскиот напредок на земјата.

„Целта на Туркије се 90 милиони туристи и 100 милијарди долари приход од туризмот и соодветно на тоа ги динамизираме инвестициите и промоцијата. Исто така, благодарение на економскиот раст ќе отвориме шест милиони нови работни места за пет години и ќе ја намалиме стапката на невработеност на седум отсто“, рече Ердоган.

„Ќе продолжиме со инвестициите, производството и извозот додека не ја достигнеме целта нашата земја да достигне обем на надворешна трговија од билион долари“, додаде тој.

Нагласи и дека во наредниот период посебно внимание сакаат да посветат на фармацевтската и медицинската индустрија.

„Во претстојниот период планираме да ги зголемиме развојните и производствените капацитети на земјата во фармацевтскиот и медицинскиот сектор и на тој начин да оствариме исчекор сличен на оној што го имаме во одбранбената индустрија“, рече Ердоган, напоменувајќи дека е многу важно земјата да остане стабилна.

„Ќе осигуриме Туркије, благодарение на нејзината стабилност, да продолжи да чекори по својот пат како остров на мирот и довербата во време кога се сè поголеми предизвиците со кои се соочуваат светот и нашиот регион“, рече тој.

Претседателските и парламентарните избори во Туркије ќе се одржат на 14 мај годинава.

AA
Популарни