Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека првиот набљудувачки сателит со висока резолуција IMECE, произведен со домашни и национални ресурси на Туркије, ќе биде лансиран во орбитата на 11 април.
„Ќе продолжиме да постоиме во глобалната светска трка благодарение на нашите обучени човечки ресурси, можностите што ги пружаме и технологиите што ги развивме“, наведе Ердоган на социјалната мрежа Твитер.
IMECE е сателит за далечинско отчитување кој е произведен од локални ресурси од страна на Институтот за истражување на вселенски технологии при Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (ТУБИТАК).
„IMECE, кој ќе ги задоволи потребите за стателитски слики со висока разолуција на нашата земја, ќе делува во орбитата на височина од 680 километри“, се наведува во соопштението на турското Министерство за индустрија и технологија.