Ердоган, исто така, рече дека отстранувањето на урнатините ќе биде завршено во сите области, освен во Хатај, до почетокот на Рамазан Бајрам на 21 април.                  Фото: АА

Туркије интензивно работи на отстранување на урнатините во подрачјата што на почетокот на февруари беа погодени од разорните земјотреси, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Интензивно ги продолжуваме нашите напори за расчистување на урнатините. Иако изградбата на нашите постојани резиденции продолжува непречено, ветивме дека ќе ги завршиме во рок од една година“, рече Ердоган за време на обраќањето до погодените од земјотресот и тимовите за пребарување и спасување во главниот град Анкара.

Туркије планира да изгради доволно згради за една година за да ги задоволи потребите на луѓето погодени од земјотресот.

Ердоган претходно вети дека во првата година ќе бидат изградени 319.000 домови, а вкупно 650.000.

Два разорни земјотреса со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Јужна Туркије достигна 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу на северот на Сирија.

Ердоган, исто така, рече дека отстранувањето на урнатините ќе биде завршено во сите области, освен во Хатај, до почетокот на Рамазан Бајрам на 21 април.

„Првите куќи за селата ќе ги испорачаме за време на Рамазан Бајрам“, рече турскиот претседател.

Ердоган наведе дека во зоната на земјотресот се планира да се изградат 650.000 нови домови, од кои 507.000 станови и 143.000 селски куќи.

Околу 319.000 ќе им бидат на располагање на корисниците во рок од една година.

AA
Популарни