Ердоган: Путин може да ја посети Туркије во април / Photo: Претседателство на Туркије

Рускиот претседател Владимир Путин може да ја посети Туркије за време на официјалното доделување на статусот на нуклеарна постројка на нуклеарната централа „Аккују“ на 27 април, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Путин би можело да биде присутен на 27 април или заедно ќе се поврземе онлајн, се надеваме дека ќе го направиме првиот чекор“, рече Ердоган во интервјуто што во живо го пренесуваа турските медиуми А Хабер и АТВ.

Турскиот претседател рече дека „Аккују“ е една од „незаменливите инвестиции“ на Туркије, додавајќи дека постројката ќе ѝ помогне на земјата „сериозно да складира енергија“.

„Аккују“, која моментално се гради во јужната турска област Мерсин, ќе биде прва нуклеарна централа во земјата.

Првиот реактор на електраната „Аккују“ би требало да биде во функција во 2023 година, а целата постројка би требало да биде ставена во функција до 2025 година. Проектот започна со меѓувладин договор во 2010 година помеѓу Туркије и Русија.

Централата, која се очекува да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати и четири реактори, треба да започне со производство на електрична енергија кон крајот на оваа година.

AA
Популарни