Ердоган разговараше телефонски со Путин / Photo: AA

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Како што се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, двајцата лидери разговарале за чекорите за унапредување на односите меѓу Туркије и Русија, како и за случувањата во врска со руско-украинската војна.

Ердоган му изразил благодарност на рускиот претседател Путин за позитивниот пристап во врска со повторното проширување на Црноморската иницијатива за жито.

Ердоган рекол дека е важно што поскоро да завршат судирите меѓу Русија и Украина по пат на преговори.

Турскиот претседател изјави дека би можеле да преземат нови чекори врз основа на економската соработка договорена во рускиот град Сочи.

TRT Balkan / агенции
Популарни