Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара е решена да го зајакне Истанбулскиот договор за жито и да транспортира руско жито и ѓубриво во неразвиените земји.     Фото: АА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Анкара е решена да го зајакне Истанбулскиот договор за жито и да транспортира руско жито и ѓубриво во неразвиените земји.

Ердоган ја даде оваа изјава пред неговиот состанок со рускиот колега Владимир Путин во рамките на шестиот Самит на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) во главниот град на Казахстан, Астана.

„Решени сме да го зајакнеме и продолжиме извозот на жито според Договорот од Истанбул и трансферот на руското жито и ѓубриво во помалку развиените земји преку Туркије“, рече Ердоган.

„Можеби ќе работиме на одредување на земјите. Важно е да се фокусираме на сиромашните, а не на развиените земји“, рече Ердоган пред билатералната средба со неговиот руски колега Владимир Путин.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, кој паузираше по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.

AA
Популарни