Ескалирачката реторика на Израел и нападите врз Либан сериозно ја загрижуваат Туркије за иднината на регионот, изјави во вторник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ниту една земја во нашиот регион, вклучително и Туркије, не може да се чувствува безбедна додека не се запре израелската агресија под администрацијата на Нетанјаху“, рече Ердоган по состанокот на владата во Анкара.
„Се додека Западот го поддржува Израел и исламскиот свет молчи, убиецот Нетанјаху ќе го вовлече целиот регион во оган. Многупати потенциравме дека кризата во Газа нема да биде ограничена само на Газа. Тензиите со Иран и нападите на Израел врз Либан ја потврдуваат нашата загриженост“, рече Ердоган.
Коментирајќи го насилството и негативните трендови на социјалните мрежи по злосторството извршено од сириски државјанин во градот Кајсери во неделата, Ердоган рече дека Туркије „ќе го реши бегалското прашање не врз основа на предрасуди или страв, туку во рационална, совесна рамка заснована за реалноста на земјата и економијата.“