Израел кажува едно, а Иран изразува различни ставови, нема јасни и разумни изјави за тоа што вчера всушност се случило, изјави Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека и Израел и Иран дале различни изјави во врска со пријавениот израелски напад на иранска територија утринава и дека има нејаснотии околу случајот.

„Во моментов Израел кажува едно, а Иран изразува различни ставови, нема јасни и разумни изјави за тоа што всушност се случило“, изјави Ердоган на новинарите во Истанбул.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа меѓу Иран и Израел во саботата, откако Техеран изврши напад со дронови и ракети како одговор на претходниот израелски напад врз неговиот конзулат во Сирија.

Според пишувањата на американските медиуми, Израел рано утринава извршил „ограничен напад“ на територијата на Иран. Сè уште нема официјални коментари од Израел.

Турскиот претседател Ердоган ја критикуваше и одлуката на САД да стави вето на кандидатурата на Палестина за полноправно членство во ОН во Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Во Советот за безбедност на ОН видовме како САД застанаа покрај Израел, ставајќи вето на обидот на Палестина за полноправно членство. Додека сите стојат со Палестина, за жал, САД ја покажаа својата позиција со тоа што застанаа на страната на Израел. Ништо друго не очекувавме, но имавме можност да се увериме“, рече Ердоган.

Коментирајќи ја претстојната посета на грчкиот премиер Киријакос Микотакис на Анкара, Ердоган рече дека тоа е еден вид возвратна посета и дека ќе биде значајна пресвртница во турско-грчките билатерални односи.

AA
Популарни