Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата предизборна кампања во Мерсин изјави дека турската нација нема да ги заборави оние кои ја жртвуваа иднината на земјата за „подмолните цели на империјалистите заради добивање на позиција на потпретседател, едно или две министерства, три или пет пратеници.“
Според него, ова се „егзистенцијални избори“, затоа, како што рече, на овие избори, „нема да им се отстапи место на терористите“.
Меѓу другото, тој додаде дека најголемиот извор на нафта го нашле во Габар, кој го исчистиле од тероризам.
„Овој ресурс од околу 80 милијарди долари го ставивме на располагање на нашата нација“, рече Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган изјави дека преземаат чекори за намалување на цените на месото преку зголемување на производството на добиточна храна.
„Ќе им олесниме на нашите земјоделци во овој поглед со користење на дел од гасот што го наоѓаме во Црното Море за производство на вештачки ѓубрива“, заклучи Ердоган.
Потсетуваме дека на 14 мај во Туркије ќе се одржат претседателски и парламентарни избори.