Сликите од подземните затвори во Дамаск што се појавија во последните денови служат како најдобар одговор за поддржувачите на соборениот сириски режим, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Најдобар одговор на оние кои се изненадени од револуцијата во Сирија и кои го величеа режимот на Асад, се подземните затвори во Дамаск“, рече Ердоган на Конгресот на Партијата на правдата и развојот (АК партија) во градот Сакарија, во северозападниот дел на Туркије.
Тој нагласи дека Туркије ги поддржува „нејзините браќа и сестри од Сирија“, со што ја исполнува обврската што произлегува од братството.
Ердоган рече и дека тоа е направено без никаков приговор, во духот и начинот на кој „енсарите им правеа на мухаџирите“.
Енсар значи помошник на арапски и се однесува на жителите на Медина кои му помагале на пророкот Мухамед и мухаџирите (бегалците), кои ги пречекале во нивните домови по хиџра (миграција) од Мека во Медина.
Откако избија судири на 27 ноември меѓу антирежимските групи и силите на режимот на Башар, тој и неговото семејство во неделата побегнаа во Русија.
Преземањето на главниот град Дамаск од страна на антирежимските групи го означи колапсот на режимот на партијата Баас, кој владееше со Сирија од 1963 година.