Најмалку 7.800 Палестинци се затворени во израелски затвори, тврди локалната невладина организација.
Меѓу уапсените има 33 жени,166 деца и 2.873 лица кои, според озлогласената израелска политика на административен притвор, се држат во затворите без судење или обвинение, се вели во соопштението на Палестинското здружение на затвореници.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег поради израелската воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7. октомври.
Пред избувнувањето на конфликтот во Газа, бројот на палестински затвореници во израелските затвори беше проценет на околу 5.250, вклучувајќи 1.319 држени без обвинение или судење.
„Израелските сили уапсија 3.580 Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври“, соопшти невладината организација.
Израел ги продолжи воздушните и копнените напади во петокот врз Појасот Газа по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас.
Најмалку 15.899 Палестинци се убиени, а повеќе од 42.000 се повредени откако Израел започна масовна воена кампања врз Појасот Газа.
Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.