Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган допатува во Самарканд, во Узбекистан, за да присуствува на 9. Самит на Организацијата на туркиските земји.
Претседателот Ердоган се состана со својот азербејџански колега Илхам Алиев во Самарканд во пресрет на Самитот.
Темата на Самитот ќе биде „Новата ера за туркиската цивилизација: Кон заедничкиот развој и просперитетот“.
На Самитот ќе бидат донесени важни одлуки кои ќе се однесуваат на имплементација на првите пет години од документите во рамките на 20-годишната мапа на патот каде во прашање е иднината на организацијата.
Претседавањето од Узбекистан ќе го презеде Туркије.
Претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијојев на Ердоган му го додели Орденот „Имам Бухари“.
Во таа пригода Мирзијојев рече дека орденот е доделен поради сето она што Ердоган го направи за заштита на интересите на муслиманите ширум светот, како и сите напори на постигнување на единството и заедништвото на уметот, благосостојбата, верската толеранција и доброто однесување на младите.