Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прими на средба азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов во главниот град Анкара.
Ердоган и Бајрамов одржаа состанок зад затворени врати во претседателскиот комплекс, на кој беа присутни и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и главниот советник на Ердоган Акиф Чагатај Килич.
„Треба да продолжат напорите за зголемување на обемот на трговијата меѓу Туркије и Азербејџан до целта од 15 милијарди долари, му рекол Ердоган на Бајрамов за време на средбата“, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Туркије.
„Истакнувајќи дека во интерес на двете земји е да дејствуваат заедно и целосно да соработуваат во енергетиката и транспортот, Ердоган укажа на важноста на Транскасписката железница и железницата Баку-Тбилиси-Карс и дека овие рути треба да се користат поефикасно“.
Тие разговараа и за процесот на нормализација меѓу Азербејџан и Ерменија.
„Ердоган подвлече дека итно отворање на Коридорот Зангезур и што поскоро спроведување на сеопфатниот мировен договор се од суштинско значење за процесот на нормализација“, се вели во соопштението.
Претходно, Бајрамов се сретна со шефот на турската дипломатија, Фидан, со кој разговараше за билатералните односи, регионалните и меѓународните прашања.
Туркије стана првата држава што го призна Азербејџан, која ја прогласи својата независност во 1991 година. Нејзините односи со Азербејџан се повеќеслојни и на стратешко ниво.