Ердоган се состана со Макрон во Вилнус / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се состана со својот француски колега Емануел Макрон во рамките на Самитот на НАТО.

Состанокот, кој беше затворен за медиумите, се одржа во литванскиот Изложбен и конгресен центар (ЛИТЕКСПО) во Вилнус, главниот град на Литванија.

Ердоган се наоѓа во Вилнус за да присуствува на Самитот на лидерите на НАТО денес и утре.

Триесет и еден лидер на воената Алијанса се состануваат за да разговараат за војната во Украина, членството на Шведска во НАТО и чекорите за зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО.

TRT Balkan / агенции
Популарни