Ердоган се состана со претседателот на Гвинеја-Бисао / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара се состана со претседателот на Гвинеја-Бисао, Умаро Сисоко Ембало.

Ердоган и Ембало одржаа состанок зад затворени врати во претседателскиот комплекс.

Не се објавени дополнителни информации за средбата.

Ембало беше меѓу светските лидери, кои му изразија сочувство на претседателот Ердоган по разорните земјотреси што го погодија југот на Туркије минатиот месец. Според досегашните податоци, бројката на загинати луѓе во земјотресите се искачи на 46.100.

TRT Balkan / агенции
Популарни