Ердоган се состана со Столтенберг во Њујорк / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во Турската куќа (Центар Туркеви) во Њујорк се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого разговараше за регионални и глобални прашања.

„Како и секогаш, ние ќе продолжиме да бидеме една од земјите што обезбедуваат најактивна поддршка за мисиите на НАТО“, напиша Ердоган на платформата Х веднаш по средбата, која траеше речиси 50 минути.

Столтенберг изјави дека разговарале за „зајакнување на борбата против тероризмот“ и му се заблагодарил на Ердоган за напорите на Туркије за заживување на Црноморскиот договор за жито.

„Како што беше договорено на Самитот на НАТО во јули во Вилнус, турскиот Парламент ќе го разгледа членството на Шведска во НАТО колку што е можно поскоро“, напиша Столтенберг на X кратко по состанокот одржан на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации.

TRT Balkan / агенции
Популарни