Ердоган уште еднаш му честиташе на премиерот Стармер на новата функција / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и новоизбраниот британски премиер Кир Стармер за прв пат се сретнаа во четвртокот во САД.

Состанокот зад затворени врати се одржа на маргините на последниот ден од самитот на НАТО во Вашингтон, каде што лидерите на НАТО се собраа во вторникот за да ја одбележат 75-годишнината на воената алијанса.

На средбата стана збор за билатералните односи меѓу Туркије и Обединетото Кралство, како и за регионални и глобални прашања, соопшти во четвртокот турскиот Директорат за комуникации.

Изјавувајќи дека во наредниот период Туркије и Велика Британија можат да преземат нови чекори за подобрување на односите во сите области, претседателот Ердоган додаде дека посакуваат сѐ повеќе да продолжи позитивниот тренд во односите.

Претседателот Ердоган уште еднаш му честиташе на премиерот Стармер на новата функција.

Тоа беше прва средба лице в лице меѓу Ердоган и Стармер откако тој стана премиер минатата недела, кога неговата Лабуристичка партија убедливо победи во Долниот дом, освојувајќи 412 од 650 места во комората.

Ердоган претходно се сретна на кусо со францускиот председател Емануел Макрон, како и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Започна работата на заживување на Црноморската иницијатива за жито“, му рече Ердоган на Зеленски.

„Туркије продолжува со напорите да стави крај на конфликтот што започна во февруари 2022 година за праведен мир“, му рече Ердоган на Зеленскиј за време на состанокот зад затворени врати.

Ердоган рече дека Анкара е подготвена за каква било иницијатива, вклучително и посредување, за да се постават темелите за мир.

AA
Популарни