Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара го прими министерот за надворешни работи на новата администрација на Сирија, Асад Хасан ал-Шајбани, и ја истакна потребата од укинување на санкциите за Сирија, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство.
Соборениот режим на Асад зад себе остави големи разурнувања, а Туркије ќе ги поддржи итните потреби на братскиот сириски народ и обновата на земјата, рече Ердоган, нагласувајќи дека нема место за терористички организации во иднината на Сирија, објави Директоратот на X.
На средбата е разговарано и за најновата ситуација во Сирија и за чекорите што треба да се преземат за зачувување на територијалниот интегритет на земјата.
На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за одбрана на Сирија Мурхаф Абу Касра и шефот на сириското разузнавање Анас Хатаб.
Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.