Шведска да даде поддршка на безбедносните грижи на Анкара / Photo: AA

Туркије очекува Шведска, во согласност со трипартитниот меморандум, да поддржи отстранување на безбедносните загрижености на Анкара во врска со тероризмот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повикувајќи го Стокхолм на конкретни чекори.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Анкара, Ердоган рече дека е задоволен што новата шведска влада изрази подготвеност да се придржува на трипартитниот договор потпишан во Мадрид.

„Шведска сака членство во НАТО поради својата безбедност, а Туркије сака да види дека Шведска поддржува отстранување на безбедносните загрижености на Анкара“, додаде тој.

Како што рече терористичките групи ПКК/ПЈД/ЈПГ, ФЕТО и ДХКП-Џ „мораат да бидат спречени во искористувањето на демократското опкружување на Шведска“, додавајќи дека на терористите на ПКК не би смеело да им биде дозволено да протестираат со ограноците на организацијата во Шведска.

Турскиот претседател наведе дека е важно членовите на ФЕТО, терористичката група одговорна за обидот за државен удар во Туркије во 2016 година, да бидат екстрадирани од Шведска, повикувајќи на додатни чекори кога станува збор за тоа прашање.

Кристерсон рече дека неговата земја „во потполност ќе го имплементира трипартитниот меморандум“ потпишан во јуни помеѓу Шведска, Туркије и Финска.

Тој додаде дека Стокхолм разбира дека Анкара се бори против терористичката група ПКК и сака да помогне во таа борба. Истакна дека имал позитивен состанок со Ердоган.

„До крајот на годината ќе преземеме големи чекори, како и на почетокот на следната година, особено на полето на антитерористичката легислатива“, рече тој додавајќи дека неговата земја сериозно ќе ги сфати било какви закани против Шведска и Туркије.

Тој наведе и дека постои голем потенцијал во односите со Туркије и додаде дека двете земји „можат да направат многу на полињата на трговијата и туризмот“.

ПКК во Туркије, ЕУ и САД се наоѓа на листата на терористичките организации и одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се жени, деца и повозрасни лица.

Трилатералниот договор помеѓу Туркије, Шведска и Финска потпишан во јуни се однесува на тоа Финска и Шведска да не даваат поддршка на ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на ПКК и ФЕТО. Во рамките на договорот Анкара ќе даде полна поддршка на Финска и Шведска против заканите за националната безбедност.

Сите 30 членки на НАТО треба да одобрат било какво проширување на блокот.

TRT Balkan / агенции
Популарни