Успешното завршување на неодамнешната операција и победата на Азербејџан во Карабах предизвикува гордост, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Брзото и успешно завршување на операцијата со исклучително почитување на правата на цивилите е извор на гордост за нас, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на заедничката прес-конференција по средбата со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев. Ердоган е во еднодневна посета во Нахчиван, на покана на Алиев за да разговараат за билатералните доноси, како и регионалните и глобални прашања, особено за неодамнешните настани во Карабах. „Од срце и честитам на победничката азербејџанска војска и на историскиот успех и на хуманиот однос кон цивилите“, рече Ердоган.
Минатата недела, по провокациите на ерменските сили во Карабах, Азербејџан рече дека покренал „противтерористички“ активности во регионот за да го поддржи трилатералниот мировен договор со Русија и Ерменија од 2020 година. По 24 часа, во регионот е постигнат прекин на огнот.
„Со последната победа се отворија нови прозорци на можност за сеопфатна нормализација во регионот“, истакна Ердоган, изјавувајќи дека очекува дека Ерменија ќе преземе искрени чекори за стабилноста во регионот.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на турскиот претседател Ердоган и на Туркије за поддршката. „Поддржувајќи се едни со други, ги насочуваме регионалните прашања во вистинска насока. Сакаме мир и стабилност во регионот, а не војна“, рече Алиев и додаде: „Декларацијата од Шуша нашите односи (со Туркије) ги подигна на ново ниво, денес се на највисоко ниво. Сведоци сме на најактивниот период во нашите односи во сите области.“
Во присуство на претседателите на Азербејџан и Туркије, Илхам Алиев и Реџеп Таип Ердоган, покрената е изградба на плиновод од турскиот Игдир до азербејџанската ексклава Накчиван. Односите помеѓу Азербејџан и Ерменија напнати се од 1991 година кога ерменската војска го окупираше Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.
Есента во 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменска окупација во текот на 44-дневниот судир. Војната заврши во ноември со прекинот на огнот со посредство на Русија. Меѓутоа, напнатостите помеѓу двете нации продолжуваат и покрај тековните преговори чија цел е постигнување долгорочен мировен договор.
Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан требаа да се состанат на 5 октомври во шпанскиот град Гранада за да разговараат за потпишување на мировен договор помеѓу двете земји.
Туркије беше првата држава која го призна Азербејџан, кој својата независност ја прогласи во 1991 година. Нејзините односи со Баку се на стратешко ниво.