Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на Доналд Трамп за неговата победа на американските избори и посака унапредување на односите меѓу САД и Туркије.
„Му честитам на мојот пријател Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД по голема борба и беше реизбран“, објави Ердоган на платформата X.
Во оваа нова ера, Ердоган се надева дека турско-американските односи ќе станат посилни и дека регионалните и глобалните кризи и војни, особено онаа во Палестина и руско-украинската војна, ќе бидат завршени.
„Верувам дека ќе се направат повеќе напори за поправеден свет. Се надевам дека изборите ќе бидат поволни за пријателскиот и сојузнички народ на САД и целото човештво“, додаде тој.
Трамп освои над 270 електорски гласови според досегашната обработка на податоците од гласачките места и води во речиси сите т.н. неодлучни сојузни држави, осигурувајќи втор мандат во Белата куќа.